Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 14.11.2026

Извадок на дел од дневните настани 14.11.2026

На 13/14.11.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги  лишија од слобода А.С.(39), Р.М.(28), Д.Ѓ.(26) и 15-годишник, сите од Скопје и Д.Ц.(29) од Струмица затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.   

 

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против В.Н. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Пријавениот, документарист во Отсек за статистика и документирање во ЕВР Кисела вода при СВР Скопје, на 18.03.2026 преку мобилна апликација испратил пораки со заканувачка содржина на лице од Скопје поради претходно недоразбирање со неговиот син. Одделот за внатрешна контрола против пријавениот ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка - суспензија.  

 

На 13.11.2026 во 21:00 часот во тетовско Желино, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишија од слобода З.Џ.(53) од истото село. Тој се сомничи дека околу 13:40 часот во атарот на с.Желино со патничко возило „форд“ без регистарски ознаки, кое го управувал и кое било натоварено со огревни дрва, не застанал на даден знак од припадници на Шумската полиција, туку ја зголемил брзината и со возилото се обидел да удри еден шумски полицаец, по што побегнал. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 13.11.2026 во 20:15 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода И.Ј.(24) од Карбинци. При преглед на него и неговото патничко возило „бмв“ со штипски регистерски ознаки, пронајдена е и одземена марихуана. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

 

На 13.11.2026 во 14:40 часот во средно училиште во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, во присуство на родител и училишниот педагог, лишија од слобода 15-годишен малолетник од Тетово затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени пиштол „Зораки 918-Г“ калибар 9 мм и една рамка. Малолетникот бил задржан во полициска станица, за настанот е известен јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против В.Д.(29) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување на сигурноста“. На 05.11.2026, пријавениот упатувал закани кон полициски службеник кој вршел службени дејствија, а откако бил лишен од слобода пред Полициска станица Гостивар пружал активен отпор и продолжил со закани кон полициските службеници. При преземање мерки му било извршено алкотестирање и било утврдено дека има 1,95 промили алкохол во организмот.

 

На 13.11.2026 во 22:00 часот во тетовско Камењане, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го приведоа Ш.С.(30) од Тетово. При контрола во патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

 

На 13.11.2026 во 22:30 часот во село во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициска канцеларија Македонска Каменица го лишија од слобода Ф.А.(22) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом упатувал закани и физички го нападнал неговиот 30-годишен брат. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

 

На 13.11.2026 во 22:00 часот во гостиварско Тумчевиште, полициски службеници од СВР Тетово - ОВР Гостивар ги лишија од слобода Ѕ.А.(36) од Гостивар и С.Б.(32) од гостиварско Чегране затоа што при преглед кај нив, кај С.Б. биле пронајдени предмети со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.   

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против М.Д.(50) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда”. На 01.11.2026 и на 03.11.2026 во семејниот дом, пријавениот психички и физички ја нападнал неговата сопруга.

 

На 13.11.2026 година во 22.05 часот на улица „Мислешевски пат“ во Струга, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга го лишија од слобода Д.Г.(40) од Охрид. При контрола и преглед во паркиран автомобил „цитроен“, во кој бил, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа пакување со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Денеска (14.11.2026) во 00:25 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа В.Ц.(30) и 23-годишната М.П., двајцата од Скопје, затоа што во казино на подрачјето на Центар се однесувале агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 13.11.2026 во 12:30 часот во гевгелиско село, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода 72-годишен жител на тоа село, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал кон неговата 60-годишна сопруга. Извршено е алкотестирање со дрегер, при што било утврдено дека лицето има 2,22 промили алкохол во организмот и бил задржан во Полициската станица Гевгелија. Известен е јавен обвинител, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 13.11.2026 во 17:10 часот во СВР Скопје, 61-годишната Н.С. од Скопје пријавила дека околу 15:30 часот во автобус на ЈСП Скопје ѝ бил одземен паричник со пари и лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.К.(50) од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука”. На 30.10.2026, пријавениот постапил спротивно на Решението за заштита од семејно насилство од Основен суд Берово, односно отишол во домот, агресивно се однесувал и ја вознемирувал неговата  47-годишна сопруга.

 

На 13.11.2026 во 19:40 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ф.П.(36) од Гевгелија. Според пријавеното, тој агресивно се однесувал кон 43-годишна жителка на Гевгелија, со која бил во врска, а воедно континуирано ја следел и вознемирувал. Лицето е задржано во Полициска станица Гевгелија, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. Во текот на денот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава и тој ќе биде изведен пред судија од Основен суд Гевгелија.   

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против В.П.(42) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 05.11.2026 во гостивар, пријавениот физички ја нападнал неговата 38-годишна сопруга од Гостивар и ѝ нанел повреди.

 

На 13.11.2026 во 01:00 часот во СВР Скопје,  А.Р.(38) од Скопје пријавила дека на 12.11.2026 околу 18:00 часот од семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар се оддалечила нејзината 12-годишна ќерка. Подоцна, таа пријавила дека ќерка и се вратила на 13.11.2026 во 07:40 часот во домот. Според пријавеното, нејзината малолетна ќерка и нејзина малолетна другарка се сретнале со неколку малолетници во парк Сарај, а потоа против своја волја била заклучена во патничко возило од еден малолетник, кој заедно со неа и нејзината другарка останал во возилото до следното утро. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

 

На 13.11.2026 во 13:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Х.(45) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 12:20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје вознемирувал малолетник од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

Мени за пристапност