СВР Скопје поднесе кривична пријава против Л.Б.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 24.11.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле претрес кај пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.П.(48) од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“ На 31.12.2025 пријавениот физички ја нападнал неговата поранешна сопруга, при што ѝ се заканил со остар предмет.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.С.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. На 26.09.2025, пријавениот позајмил патничко возило „фолксваген голф“ од негов братучед, а потоа го продал за 4.500 евра на друго лице од Скопје.
На 16.02.2026 во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.Р.(47) од Скопје, затоа што кај него е пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 16.02.2026 во 18:15 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода B.E.(51) од Република Турција. При гранични проверки и контрола е констатирано дека тој на увид приложил фалсификувани зелени карти за осигурување за товарното возило „мерцедес“ со полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал. Лицето со документите е предадено во ОВР Крива Паланка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 16.02.2026 околу 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Живко Фирфов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(41) од Скопје, удрило во четиригодишно дете од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 16.02.2026 во 06:10 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Миро Барага“ во Пробиштип, патничко возило „тојота“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(50) од Пробиштип, удрило во 18-годишниот пешак Ф.А. од Пробиштип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Јавна здравствена установа Пробиштип. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
На 16.02.2026 во 16:50 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на автопатот Миладиновци-Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Н.Г.(51) од Штип и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(35) од с.Грчец, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „киа“, додека со телесни повреди возачот на патничкото возило „опел“ и неговиот сопатник Е.В.(34) од с.Грчец, скопско, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип.
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против М.Џ.(28) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.02.2026 во Кочани, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
На 16.02.2026 во 14:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на Попова Шапка, кај местото викано „Церипашина“, екипа од друштво за спортски и други услуги со специјално возило во 16:10 часот го пронашла лицето Ф.М.Л. (24) од Данска, кој бил повреден од снежна лавина додека скијал. По укажаната помош, лицето со амбулантно возило е пренесено во приватна болница во Скопје.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(40) од с.Велгошти, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. Таа, на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа. Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување.
На 17.02.2026 во 03:20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа А.Ќ.(34) од Скопје затоа што на паркинг простор пред угостителски објект на подрачјето на Центар се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 16.02.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје, Х.Б.(28) од Скопје пријави дека на 13.02.2026 околу 22:00 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од С.Е., кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Љ.А.(48) од Куманово поради постоeње основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“. На 20.07.2025 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
На 16.02.2026 во 23:05 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Л.К.(19) и К.Н.(22), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22:30 часот во казино на подрачјето на Карпош во Скопје, физички го нападнале Р.М.(59) со престој во Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.