Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 14.06.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

 

На 13.06.2026 во 11:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.,,Васко Карангелски“ и ул.,,Матеја Матевски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(33) и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.С.(57), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“ - Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Г.Ѓ.(47) од пробиштипско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 21.05.2026, пријавениот телефонски и лично во ОВР Пробиштип се однесувал агресивно и упатувал закани кон полициски службеник.

 

На 13.06.2026 во 15:05 часот во ОВР Струга е пријавено дека на крстосница од ул.„Ѓуро Салај“ и ул.„Димче Ковачески“ во Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу  патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А.Ш.(22) од Полска и мотоцикл „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од В.К.(46) од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Струга.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.З.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба’’. На 08.06.2026 околу 02:00 часот во спортска обложувалница во Тетово, пријавениот со закана со остар предмет кон вработениот одзел пари од касата. Истиот ден во 11:30 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, тој е лишен од слобода при обид да ја напушти државата.     

 

На 13.06.2026 во 05:20 часот на автопатот Куманово - Скопје, во с.Романовце, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции при БЈБ го лишија од слобода М.М.(28) од Косово. При контрола во автобус со турски национални ознаки, во кој се превезувал, во неговиот багаж биле пронајдени повеќе парчиња текстилна стока од различни брендови за која не поседувал соодветна документација. Лицето е предадено во СВР Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 13.06.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје, К.С.(80) од Скопје пријавил дека околу 08:00 часот на подрачјето на Центар, едно женско лице со употреба на физичка сила од неговата чанта одзела пари и го напуштила местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 13.06.2026 во 19:15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа М.А.(31) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава затоа што околу 19:00 часот во двор од семејна куќа физички нападнал двегодишно дете. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 14.06.2026 во 03:35 часoт во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја приведоа 45-годишната М.П. од Скопје затоа што околу 03:15 часот телефонски, а потоа и во Полициската станица Ѓорче Петров се однесувала агресивно кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 13.06.2026 во 18:00 часот во СВР Велес, полициски службеници извршиле службен разговор со А.С.(37) од село Долно Караслари, велешко, затоа што на неговата нива во атар на село Караслари, каде работел со циркулар, предизвикал искрење, по што настанал пожар, кој опожарил овоштарник и сандаци со пчели, сопственост на В.С.(45) од Велес. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа од Територијална противпожарна единица Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против А.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Ноќеска (14.06.2026) во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.И.(18) од село Василево, струмичко. Тој управувајќи патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, не застанал на даден знак за запирање од полициски патроли и продолжил да се движи со возилото со голем брзина. Во Богданци го запрел возилото и побегнал, а откако бил стигнат физички ги нападнал полициски службеници. Лицето е задржано во полициската станица Гевгелија и за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Ноќеска (14.06.2026) во 01:20 часот во Полициската станица Радовиш е приведен М.Б.(19) од Радовиш. Тој околу 01:10 часот во близина на угостителски објект во Радовиш агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени задачи. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 13.06.2026 во 08:22 часот во СВР Штип е пријавено дека на некатегоризан пат помеѓу с. Јастребник и с.Бабиште, на непристапен терен на место викано „Блага јабука“, било пронајдено тело на починато машко лице. По преземени мерки и извршен увид било констатирано дека се работи за Ј.Д.(75) од Кочани, кој престојувал во с.Јастребник, а за кого на 01.06.2026 неговиот внук пријавил дека се оддалечил од домот. Телото било извлечено од екипа од Територијалната противпожарна единица Кочани и Доброволна планинарска служба Осогово. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.    

Мени за пристапност