На 12.06.2026 во 07:45 часот на Граничен премин Деве Баир, полициски службеници го лишија од слобода М.Ч.(47) од Република Турција. При извршена пасошка контрола и гранични проверки било констатирано дека М.Ч. на увид приложил фалсификувани зелени карти за товарното возило „рено“ со полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал. Тој бил предаден на полициски службеници во ОВР Крива Паланка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.06.2026 во 08:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Борис Трајковски“, ул.„Трајко Иванов“ и сервисна улица во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(65) и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Л.(37), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 13.06.2026 во 01:42 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Никола Карев“ на подрачјето на Бит Пазар настанал пожар во патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Н.(32) од Скопје. Од пожарот делумно е зафатено и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.А.(25) од с.Арачиново, скопско. Повредени лица нема, а екипа на Бригадата за противпожарна заштита го изгаснала пожарот. Извршен е увид.
На 12.06.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локален пат с.Љуботен - с.Радишани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 35-годишната Ф.М. и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Љ.(20), двајцата од с.Љуботен, скопско. Во несреќата од возилото „мерцедес“ со тешки телесни повреди се здобила Ф.М. и нејзината сопатничка Б.И., а со телесни повреди се здобиле четири малолетници на возраст од 12 до 15 години. Додека, од возилото „голф“ со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Љ., а со телесни повреди се здобила неговата 50-годишна сопатничка С.Љ. од с.Љубин, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ и ЈЗУ „Св.Наум Охридски“ во Скопје. За настанот е известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 12.06.2026 во 05:46 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред влез од станбена зграда на бул.„Борис Трајковски“ настанал пожар на два кабли кој се проширил и зафатил два ормари за електрична инсталација на ЕВН. Повредени лица нема, пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа и се преземаат мерки за утврдување на причините за настанувањето на пожарот и за расчистување на случајот.
На 12.06.2026 во 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје се сличила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со дипломатски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(61) и мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.С.(38) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје. За настанот е известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 13.06.2026 во 00:40 часот во СВР Скопје, Б.М.(38) од Пробиштип пријави дека на 12.06.2026 околу 23:50 часот на подрачјето на Центар три машки лица физички го нападнале и му одзеле велосипед и паричник со пари и лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.06.2026 во 07:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 07:00 часот од река Вардар на подрачјето на Карпош очевидец извлекол машко лице кое се давело во реката. Станува збор за лицето Д.И.(83) од Скопје, кој имал здравствени проблеми и кој по укажаната помош на местото од екипа на Итна медицинска помош Скопје бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје за понатамошно лекување. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 12.06.2026 во 17:04 часoт во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.М.(51) од с.Батинци, скопско. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи за приватна фирма во с.Сопиште, скопско. За настанот е известен трудов инспектор, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.
На 13.06.2026 во 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода В.К.(24) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 49-годишен татко, кој е полициски службеник, дека околу 01:00 часот, по кратка расправија во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар, му го одзел службениот пиштол и му упатувал закани, но бил спречен од нивен роднина. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 12.06.2026 во 21:57 часот во СВР Штип, Б.С.(20) од с.Карбинци пријави дека во 21:30 часот на паркинг простор во Штип, едно лице физички го нападнало и му ги одзело прехранбените производи од возилото, кои претходно си ги купил.. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.06.2026 во 00:30 часот во СВР Скопје, Д.М.(48) од Скопје пријави дека на 12.06.2026 околу 15:20 часот на спортско игралиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот 10-годишен син бил физички нападнат од И.С.(47) од Скопје. Со И.С. е извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.06.2026 во 16:45 часот во ОВР Пробиштип, од Итна медицинска помош е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Г.С.(51) од с.Соколарци, општина Чешиново - Облешево. Според пријавеното, Г.С. се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во рудник во пробиштипско. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
На 13.06.2026 во 00:59 часот во СВР Штип е пријавено дека во семејниот дом на 62-годишната Б.С. во Штип едно лице ја нападнал со метален предмет и ѝ одзел накит. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.06.2026 во 01:47 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово Скопје е пријавено дека на 12.06.2026 околу 19:15 часот во установата бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу осудениците К.Д. и Б.М., при што Б.М. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.06.2026 во СВР Штип, С.П.(38) од Штип пријавил дека две лица во една од подрумските простории во зградата на поранешен комбинат ЗИК „Црвена Ѕвезда“ опожариле стари класери и го напуиштиле местото. Повредени лица нема, а екипа од Територијалната противпожарна единица Штип го изгаснала пожарот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.06.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје, Д.Е.(36) од скопско пријави дека околу 14:00 часот на подрачјето на Карпош, додека се движел со патничко возило „мерцедес“, бил пресретнат од три патнички возила „хјунади“, „фолксваген тигуан“ и „фолксваген пасат“, управувани од Р.Б., М.Б. и Б.Б., при што Р.Б. физички го нападнал и му нанел тешки телесни повреди. Според пријавеното, после тоа го ставиле во едно од возилата и го однеле најпрво на автоплац во Карпош, а потоа го оставиле во село Шишево, скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.06.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, вработен во Градските гробишта Бутел пријави дека лицето К.К. со метален предмет оштетил 11 гробни места. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.
На 13.06.2026 во 06:10 часот во СВР Скопје, 31-годишната Г.Ц.М. од с.Р`жаничино, скопско, пријави дека во 06:00 часот на работното место на наплатна станица Петровец, поради меѓусебно нетрпение, била физички нападната од нејзината колешка С.А.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.