На 12/13.12.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.Ш.(35), С.З.(27) и К.М.(27) сите од Скопје затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 12.12.2025 околу 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населбата Илинден, скопско патничко возило „застава“ со скопски регистарски ознаки управувано од В.В.(72) од с.Марино, скопско удрило во Д.С.(46) од с.Кадино, скопско кој бил паркиран со товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки и во моментот бил надвор од возилото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.С. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 12.12.2025 во 21:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Гази Баба бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Л.К.(49) и А.К.(51) двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.12.2025 во 13:00 часот во СВР Скопје Д.П.(66) од Скопје пријави дека на 10.12.2025 околу 16:00 часот на подрачјето на Гази Баба по претходно недоразбирање била физички нападната од Е.„Н“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.12.2025 во 13:00 часот во СВР Скопје М.Г.(18) пријави дека на 10.12.2025 околу 12:00 часот во с.Стајковци, скопско во берберница бил физички нападнат од М.М. и Т.М. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.12.2025 во 19:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Гази Баба по претходно недоразбирање бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Д.(31) од кичевско и А.Е.Г.(32) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.12.2025 во 12:00 часот во Полициската станица Драчево извршен е службен разговор со Б.А.(68) од Скопје, по претходна пријава дека на 09.12.2025 физички ја нападнал неговата 66-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.12.2025 во 08:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во производствена хала во фирма кај Новоселски пат С.А.(53) од Скопје при извршување на работни задачи се здобил со повреди од машина и починал на местото на настанот. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Извршен е увид.
На 13.12.2025 во 01.43 часот во СВР Скопје С.Б.(34) од с.Батинци, скопско пријави дека опожарено било нејзиното возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки. Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.12.2025 во 02:00 часот во Штип полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода К.Д.(71) од Штип, по претходна пријава дека на 12.12.2025 околу 14:30 часот физички ја нападнал неговата 77-годишна сопруга и и упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.12.2025 во 13:40 часот во Штип полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода З.М.(28) од Штип, по претходна пријава од неговата 53-годишна мајка дека и упатувал закани, оштетил дел од покуќнината и и го одзел мобилниот телефон. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 13.12.2025 година во 02:00 часот во СВР Тетово од слобода се лишени Б.Ш.(24) И.И.(28), А.И.(27) и Ф.И.(24) сите од с.Боговиње, тетовско. По претходна пријава во СВР Тетово дека околу 01.00 часот на автопат Гостивар - Тетово во близина на клучка Камењане, додека А.А.(28) од с.Пирок се движел со патничко возило ,,бмв" со швајцарски национални ознаки во кое како совозач бил Р.Ј.(28) од с. Пирок, тетовско позади нив се движело патничко возило ,,пасат" со тетовски регистерски ознаки управувано од И.И. од с. Боговиње, кој им пуштил светлосни ротации а потоа ги престигнал и им го пресекле патот. Од возилото излегле приведените лица кои физички ги нападнале А.А. и Р.Ј.. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 12.12.2025 година во 23:45 часот полициски службеници од Полициска станица за Граничен надзор Рогачево на локален пат за с. Јажинце, тетовско го лишиле од слобода Б.М.(25) од с. Јажинце кој се движел со патничко моторно возило ,,хундаи" со тетовски регистерски ознаки. Откако на лицето му бил констатиран сообраќаен прекршок истиот агресивно се однесувал и упатувал закани кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.
Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава до надлежното јавно обвинителство против Е.П., адвокат од Штип, како и против Д.Д., И.А., Г.Т. и Х.С., полициски службеници од Штип и Кочани, поради сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“. Според пријавата, пријавените во текот на Септември 2025 година преземале дејствија со кои било отежнато и спречено прибирањето на докази во кривична постапка. Против полициските службеници ќе биде поведена и дисциплинска постапка.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.Ј.(36) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 18.11.2025, преку неговиот профил на социјалната мрежа, пријавениот објавил фотографија со која промовирал и поттикнувал омраза и насилство.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.К.(66) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’ и ,,поттикнување’’ и против Д.Т.(61) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,помагање’’. На 04.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на првопријавениот, во угостителски објект во с. Колешино, како и во објект на правно лице, сопственост на првопријавениот, при што биле пронајдени марихуана, 140 гранки од растението канабис, семки од растението канабис и дигитална вага. Додека, при претресот на објект на правното лице, во хаварисано возило била затекната второпријавената која пакувала марихуана.