Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 11.11.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

 

На 10.11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.М.(30), М.С.(32), Д.К.(28) и П.Т.(19), сите од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 10.11.2025 во 14:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат од с.Кондово кон с.Долно Свиларе, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 15-годишник од Скопје и патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(27) од с.Долно Свиларе. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот возач и неговиот 14-годишен сопатник од Скопје, додека со телесни повреди се здобиле 15-годишник од с.Кондово, 17-годишник од Скопје, сопатници од возилото „фолксваген голф“, како и 27-годишната А.М. и двегодишно девојче од с.Долно Свиларе, сопатнички од возилото „фолксваген пасат“, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 10.11.2025 околу 18:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Филип Втори Македонски“, ул.„Даме Груев“ и ул.„11 Октомври“ во Скопје, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ѓ.(50) од Скопје, удрило во пешакот П.Н.(41) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. По наредба на јавен обвинител извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 10.11.2025 околу 16:30 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Штип, патничко возило „цитроен“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 64-годишната Е.А. од Штип, удрило во жардиниери, а потоа во патничко возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, паркирано од А.Ј.(25) од Штип. Во несреќата Е.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип.

 

На 10.11.2025 во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, едно лице со закана од вработениот одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 10.11.2025 на стадионот во Кратово, за време на одигрување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Силекс“ од Кратово  и ФК „Шкупи“  од  Скопје, полициски службеници од ОВР Кратово констатирале прекршоци од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортските натпревари. Имено, за време и по завршување на натпреварот, констатирано е дека С.Ч.(31), С.Д.(28), Д.И. (29), М.Т.(28), С.П.(27) и Т.К.(45), сите од Кратово, недолично се однесувале и извикувале пораки и скандирања со навредлива содржина. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.  

 

 На 10.11.2025 во 10:00 часот во СВР Скопје, М.Г.(77) од Скопје пријави дека на 08.11.2025 околу 17:00 часот пред продажен објект на подрачјето на Гази Баба, едно женско лице со употреба на физичка сила ѝ одзело паричник со пари и лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 10.11.2025 во 20:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.К.(40) и О.Б.(51), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 11.11.2025 во периодот од 01:20 часот до 02:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар спроведоа акциска контрола во угостителски објект во с.Зубовце, општина Врапчиште, сопственост на Р.Б.(51) од Гостивар. Во објектот се затекнати и приведени  М.Ф.(42) и С.Р.(36) од Косово затоа што престојувале спротивно на целта, односно го злоупотребиле туристичкиот престој. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

 

 

Мени за пристапност