Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 06.02.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.М. (34) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.10.2025 полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

 

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против С.Р. (42) од с. Врапчиште, општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”. На 31.12.2025 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, пријавениот приложил  фалсификувана полска возачка дозвола.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Х. (25)  и Е.Х. (20), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „насилство’’. На 28.09.2025 во с.Чифлик, пријавените физички нападнале 34-годишен маж, користејќи остар и тврд предмет, а му го оштетиле и неговото возило.

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против малолетник од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 11.01.2026 малолетникот  на социјална мрежа упатувал навреди и закани.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.М.(45) од Германија и Џ.А.(54) од с.Шипковица, тетовско,  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности’’ и „бесправно градење“. Во текот на 2023 година,  првопријавениот, во својство на инвеститор и второпријавениот, во својство на изведувач на градежни работи, на катастарска парцела во катастарска општина Шипковица, во сопственост на државата,  изградиле викенд куќа, а притоа не поседувале соодветна дозвола за градење издадена од надлежен орган.  

 

На 05.02.2026 околу 19:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека на бул. „Октомвриска Револуција“ во Куманово, патничко возило  „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 23-годишната С.В. од Куманово, удрило во седумгодишна малолетничка од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

 

На 05.02.2026 во 09:40 часот на ул.„Караорман" во Битола, врз основа на наредба од Основен суд Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Б.В.(26) од Битола. Тој бил баран за издржување на  казна затвор од една година и шест месеци. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.  

 

На 05.02.2026 во 20:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода Р.В.(35) и У.Д.(18), двајцата од Велес, поради основи на сомнение дека во викенд куќа во Велес извршиле кривично дело „тешка кражба“. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

 

На 05.02.2026 во 22:30 часот во СВР Скопје, М.И.(45) од с.Палиград, општина Зелениково, пријави дека во 13:00 часот на подрачјето на Драчево, неговиот малолетен син, додека се превезувал во автобус на ЈСП, бил физички нападнат од неколку малолетници од с.Батинци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 05.02.2026 во 23:50 часот во СВР Скопје, С.Т.(26) од с.Зелениково, општина Зелениково, пријави дека околу 23:10 часот во паркот во с.Пакошево, општина Зелениково, бил физички нападнат од двајца малолетници, кои употребиле тврд предмет и му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 05.02.2026 во 21:15 часот во СВР Скопје, Ж.П.(47) од Скопје пријави дека околу 12:00 часот во двор од средно училиште на подрачјето на Центар, неговиот 16-годишен син бил физички нападнат од друг ученик во училиштето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 05.02.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, Н.Ќ.(49) од с.Страхојадица, општина Зелениково, пријави дека околу 12:30 часот во двор од градинка на подрачјето на Чаир, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 05.02.2026 во 22:30 часот во СВР Скопје, Н.Ц.(46) од Скопје пријави дека околу 20:30 часот на подрачјето на Кисела Вода, нејзиниот 15-годишен син бил физички нападнат од женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Во СВР Скопје од Казнено- поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека на 03.02.2026 околу 17:30 часот во полуотвореното одделение во установата, М.Б. физички го нападнал А.А., двајцата осуденици кои издржуваат казна во затворот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Л.(60) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик и  по член 95 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции. Тој, претходно, вработен како инженер - агроном во фабрика за одгледување на медицински канабис во Ново село, општина Дебрца, неовластено изнел од фабриката марихуана и ја чувал во неговото престојувалиште во Охрид со цел нејзино користење и натамошна продажба. При претрес во просториите, извршен по судска наредба, пронајдена и одземена е марихуана, по што тој е лишен од слобода.

Мени за пристапност