Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 05.10.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

 

На 04/05.10.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Г.(52) од Прилеп, С.Д.(20), Ф.Е.(26), К.Ј.(21), Л.Т.(18), С.А.(27) и Ф.Ј.(31), сите од Скопје и Е.К.(35) од Хрватска, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 04.10.2025 во 09:13 часот во СВР Штип од КПУ Затвор Штип е пријавено дека кај влезот од кујната во затвореното одделение од установата била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 04.10.2025 во 20.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Товарник“ во Скопје патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(76) од Скопје, удрило во две малолетнички на возраст од 12 и 13 години, двете од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетничките, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 05.10.2025 во 02:10 часот во СВР Скопје Л.З.(19) пријави дека на 04.10.2025 околу 21:45 часот на подрачјето на Центар, тој и неговиот братучед биле физички нападнати од Р.„Н“, кој им се заканувал и со остар предмет, а потоа му го одзел мобилниот телефон на пријавителот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 05.10.2025 во 03:15 часот во СВР Скопје Л.К.(20) од Скопје пријави дека во угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 05.10.2025 во Полициската станица Бит Пазар Б.И.(36) од Скопје пријави дека од домот се оддалечил неговиот татко М.И.(66). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 05.10.2025 во 00:10 часот во Полициската станица Бит Пазар А.И.(41) од Скопје пријави дека од неговиот дом се оддалечиле Н.Ј.(13) и А.С.(16), кои биле во згрижувачко семејство кај пријавителот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

 

На 04.10.2025 во 22:30 часот во СВР Скопје Д.Т.(59) од с.Трубарево, скопско, пријави дека околу 18:00 часот во неговиот дом бил физички нападнат од неговиот сосед Т.Д.. Потоа, според пријавеното, околу 18:45 часот пријавителот и неговиот син биле физички нападнати од Ф.Д., кој е син на Т.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 04.10.2025 во 10:30 часот во Полициската станица Чаир Л.М.(52) од Скопје пријави дека од домот се оддалечил нејзиниот син Ф.М.(31), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 

На 05.10.2025 во 05:36 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Скопје, на територија на Кисела Вода, било опожарено патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Т. (33) од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 04.10.2025 околу 06:00 часот во СВР Скопје 35-годишен маж пријави дека во домот на подрачјето на Центар бил нападнат со остар предмет од неговата вонбрачна партнерка И.Д.(41) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 04.10.2025 во 12:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија околу паркирање на возила, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.А.(62) од една страна и Љ.Р.(80) и С.Р.(50) од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 04.10.2025 во 20:55 часот во СВР Скопје А.К.(47) од Скопје пријави дека на подрачјето на Бит Пазар, во автобус, бил физички нападнат од контролор на ЈСП. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 04.10.2025 во 09:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на општина Аеродром, едно лице физички го нападнало вработениот и одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 03.10.2025 во 13:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Идризово,скопско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.М.(44) и Х.П.(65), двајцата од с.Идризово. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 04.10.2025 во 15:30 часот во СВР Скопје С.В.(52) пријави дека околу 14:00 часот во населбата Илинден бил физички нападнат од Т.„Н“, кој се обидел да го нападне и со тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 04.10.2025 во 07:30 часот во СВР Скопје Ж.Д.(37) од Скопје пријави дека околу 06:00 часот на подрачјето на Драчево била физички нападната со тврд предмет од Р.Д.(73) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 04.10.2025 во 23:45 часот во Психиjaтриска болница Бардовци од страна на вработен во Затворска полиција било пријавено дека во собата каде што престојува осуденикот А.В. (22), пронашол марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 04.10.2025 во 23:10 часот на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Х.С.(30) од Скопје, по претходна пријава од неговата 21-годишна вонбрачна партнерка дека на 02.10.2025 во домот физички ја нападнал, а на 03.10.2025 додека била во домот на нејзините родители дошол Х.С. и ја зел со себе нивната тримесечна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава.

Мени за пристапност