На 04.07.2026 околу 00:10 часот во ОВР Кратово е пријавено дека на магистралниот пат А-2, кај село Страцин, кратовско, патничко возило „опел астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Н.С. (28) од Крива Паланка, излетало од патот и удрило во бетонски заштитен sид. При тоа, на местото на настанот починал Н.С., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на Институтот за судска медицина за обдукција, а увид извршила екипа од ОВР Кратово.
На 03.07.2026 во 12:20 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на регионалниот пат во близина на с.Бучиште, пробиштипско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген кеди“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Н.П.(36) од Пробиштип и патничко возило „киа“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од А.М.(32) од Пробиштип. Во несреќата од возилото „киа“ со тешки телесни повреди се здобила 28-годишната сопатничка Е.М. од Пробиштип, а со телесни повреди се здобил возачот А.М., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.
На 03.07.2026 во 15:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Кирил и Методиј“ во Скопје, односно на сервисна улица која води кон паркинг, патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(71) од с.Волково, удрило во 71-годишната С.И. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.И., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 03.07.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Ферид Мурати“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.У.(25) од с. Мала Речица, тетовско, мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Р.(23) од Скопје и електричен тротинет, чиј возач го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Р., констатирани во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ – Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 03.07.2026 околу 20:00 часот во водите на реката Вардар, во неготинско, пронајдено е телото на Ј.К. (66) од Неготино. На 03.07.2026 во 15:55 часот во ОВР Неготино, Ѓ.К.(42) од Неготино пријави дека се сомнева дека неговиот татко Ј.К.(66) од Неготино, кој заминал на риболов, паднал во реката Вардар, кај село Црвени Брегови, неготинско, затоа што бил недостапен, а кога тргнал да го бара дел од опремата за риболов пронашол во реката. Веднаш од страна на полициски службеници од ОВР Неготино, Територијалната противпожарна единица Неготино, Дирекцијата за заштита и спасување и други лица се преземени мерки за пронаоѓање на Ј.К., по што околу 20:00 часот било пронајдено телото и извлечено од водите на реката Вардар. Лекар од Итна медицинска помош Неготино констатирал смрт без траги на насилство и по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.
На 03.07.2026 во 14:53 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ – Скопје e пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет бил донесен 12-годишник од Скопје. Според пријавеното, повредите му ги нанел друг малолетник истиот ден околу 13:00 часот, на подрачјето на Шуто Оризари. Во врска со истиот случај, на 03.07.2026 во 23:55 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, С.А.(36) од Скопје пријави дека и нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од четворица малолетници, а еден од нив му нанел повреда со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 03.07.2026 во 10:30 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Р.Л.(72) од Радовиш. Според пријавеното, на 02.07.2026 околу 22:00 на ул. „Благој Мучето“ во Радовиш се слушнал истрел од оружје, по што на улицата било забележано усмртено куче. По преземени мерки од страна на полициски службеници е утврдено дека во кучето пукал Р.Л., кој во службен разговор го признал делото, а од него е одземена и ловната пушка „застава м75“ со која го извршил делото, а која ја поседувал со дозвола. Увид на местото е извршен од инспектор за храна и ветеринарство, ветеринарен лекар и екипа на ОВР Радовиш, при што е утврдено дека кучето е сопственост на Д.М. од Радовиш. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против Р.Л. ќе биде поднесена кривична пријава.
На 03.07.2026 во 12:00 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Струмица патничко возило „шкода“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.Х. (67) од Струмица, удрило во 64-годишната Л.Ц.(64) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.Ц., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото изврши екипа на Полициската станица Струмица.
На 03.07.2026 во 20:35 часот во ОВР Пробиштип, од Итна медицинска помош е пријавено дека кај нив со повреда бил донесен Ј.К.(45) од Кратово. Според пријавеното, Ј.К. се здобил со повредата додека извршувал работни задачи во рудник во пробиштипско. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
На 02.07.2026 во 15:00 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека во дворно место во с.Амзабегово, светиниколско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.С.(45) и М.Т.(67), двајцата од с.Амзабегово, при што Г.С. употребил тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.07.2026 во 16:40 часот, во СВР Охрид од слобода е лишен Е.С.(26) од Струга, кој претходно, на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, физички нападнал полициски службеник. Во врска со истиот настан, приведен е Б.К.(28) од Охрид, кој бил заедно со Е.С. и упатувал навреди кон полициските службеници и не ги почитувал нивните наредби. По целосно документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави..
На 03.07.2026 во 14:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале запрено патничко возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, претходно управувано од А.А.(58), електричен мопед „јадеа“ со охридски регистарски ознаки, управуван од И.Н.(39) и 56- годишната С.А.-пешак, сите од Охрид. Притоа, мопедот удрил во С.А., која се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото изврши екипа на СВР Охрид.
На 03.07.2026 во 17:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека на пресекот на булеварот „Македонски Просветители“ со улицата „Димитар Влахов“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале велосипед, управуван од 15- годишно момче од Охрид и патничко возило, кое не застанало, туку го напуштило местото на незгодата. Притоа, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. По преземени мерки, полициските службеници го пронајдоа возилото „фолксваген тигуан“ со охридски регистарски ознаки и возачот М.Д.(65) од Охрид, кој го управувал возилото, а по извршено алкотестирање било утврдено дека има 0,7 промили алкохол во крвта. По наредба на јавен обвинител, увид на местото на незгодата изврши екипа на СВР Охрид.
Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Б. од Скопје, постапувајќи по пријава на 02.07.2026 во 23:00 часот од В.К.(19) од Скопје, кој пријавил дека околу 20:30 часот на подрачјето на Бит Пазар, додека бил со неговиот брат и другар со цел да се видат со друго лице, дошол А.Б. со уште едно лице и им упатувал закани. По добиената пријава, преземени се мерки и активности за расчистување на случајот и извршен е претрес во неговиот дом, по што сторителот е лишен од слобода иако се обидел да избега, но бил фатен и лишен од слобода. Извршен е службен разговор со А.Б. и тој го признал делото, а по документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 03.07.2026 во 13:35 часот во СВР Скопје, од основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје е пријавено дека во временски период од 04:00 до 05:00 часот на 03.07.2026 со употреба на физичка сила биле оштетени влезните врати од спортската сала, од каде биле извадени два противпожарни апарати, кои биле употребени во дворот на училиштето, каде биле запалени учебници, исто така одземени од училиштето. Извршен бил увид од увидна екипа и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 03.07.2026 во 21:50 часот во СВР Скопје, М.К.(48) од Скопје пријави дека на 02.07.2026 околу 21:00 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 03.07.2026 во 22:10 часот во СВР Скопје, Ј.А.(25) од Скопје пријави дека околу 18:30 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од Ф.А. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.07.2026 во 23:40 часот во СВР Скопје, Б.К.(44) од скопско пријави дека на 02.07.2026 околу 23:00 часот кај место викано „Врапче“ на подрачјето на Драчево, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од Н.Д.(41) од с.Батинци, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.07.2026 во СВР Скопје е пријавено дека околу 15:30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, по претходно недоразбирање во сообраќајот бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 30-годишната М.Ѓ. од една страна и 51-годишната А.Д. и 21-годишната С.Ј., од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.