Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 02.11.2026

Извадок на дел од дневните настани 02.11.2026

 

На 01.11.2026 во 14:00 часот во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.А.(33) и М.Л.(46) од Скопје и С.Д.(26) од с.Чегране, гостиварско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 01.11.2026 во 16:50 часот во СВР Скопје, Д.Б. од с.Побожје, општина Чучер Сандево, пријавил дека служнал звук на кровот од куќата, по што на терасата пронашол залутано зрно од огнено оружје. Зрното било подигнато за понатамошна постапка, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Д.Т.Ц.(47) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“. На 31.08.2026 на ул.„Карпошева“ во Свети Николе, пријавената агресивно се однесувала и нападнала полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

 

На 02.11.2026 во 01:25 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.И.(22) од Куманово затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.  Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

 

На 01.11.2026 во 18:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.М.(36) од кумановско село затоа што физички ги нападнал неговиот татко и сестра. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.С.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи„ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 01.10.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории, кои ги користи пријавениот, при што биле пронајдени и одземени 253 куршуми со различен калибар, рачна бомба „М75“, пиштол „Црвена застава“ калибар 7,65 мм со рамка, пиштол „Берета“ со рамка и марихуана.

 

На 01.11.2026 во 16:20 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ја лишија од слобода В.Р.(45) од Пехчево. Претходно, во домот на нејзините родители во Кочани, по кратка расправија, таа физички го нападнала нејзиниот 69-годишен татко. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

 

На 01.11.2026 во 21:10 часот во Делчево,  полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода Ш.М.(38) од Делчево.  Полициските службеници сопреле такси возило со делчевски регистарски ознаки, во кое се превезувал заедно со уште две лица, при што кај него е пронајдена и одземена марихуана. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Р.(54), О.И.(60) и М.И.(34), сите од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 17.06.2026 во казино во Гостивар, по претходна меѓусебна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу пријавените, при што биле употребени метални предмети.   

 

На 01.11.2026 во 17:42 часот во СВР Штип, 48-годишна жена од Штип пријавила дека во изминатиот период била психички и физички малтретирана од нејзините 20-годишни синови, кои постојано ѝ се заканувале. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.П.(45) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 04.09.2025 во Штип, пријавениот физички нападнал малолетник.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против О.П.(34) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Пријавениот креирал профил и на местото за профилна фотографија ставил слика од неговата поранешна партнерка.

 

На 01.11.2026 во 18:30 часот на регионален пат Радовиш - с.Ињево, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода Ѓ.М.(26) и Д.Т.(24), двајцата од Радовиш. При извршен преглед кај нив, кај Д.Т. била пронајдена марихуана. Лицата се задржани во Полициската станица Радовиш, а за настанот е известен јавен обвинител. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 01.11.2026 во 10:50 часот на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ј.Ќ.(47) од с.Нераште, тетовско. Тој бил баран со судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 284-а од Кривичниот законик. Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

 

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.А.(37) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на дете“ по член 198 од Кривичниот законик. Пријавената А.А. го сторила делото на 09.10.2026, кога навремено и според договорот не ја вратила малолетната ќерка на нејзиниот сопруг, на кого била доделена за грижа, издржување и воспитување.

 

На 01.11.2026 во 20:45 часот полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Д.Р.(24) од Велес. Тој бил забележан во кругот на Казнено - поправна установа Затвор Идризово - Отворено одделение Велес, при што од џеб му паднале 193 таблети, кои биле пронајдени и одземени. Д.Р. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 01.11.2026 во 14:50 часот во ОВР Гостивар, 45-годишна жена од Гостивар пријавила дека на 31.10.2026 околу 23:30 часот, по претходна расправија, нејзиниот малолетен внук бил физички нападнат од неговата мајка и сестра, при што сестра му употребила тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против Е.Џ.(45) и Х.Б.(50), двајцата од Велес,  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 27.09.2026 во Велес, полициските службеници ги затекнале пријавените при купопродажба на марихуана.

 

На 02.11.2026 во 05:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода П.Т.(41) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 39-годишна поранешна сопруга дека физички нападнал едно од нивните малолетни деца, додека биле на викенд кај него по решение од Центар за социјални работи Велес. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода двајца возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, еден управувал возило без положен возачки испит и тоа: Р.М.(28) од с.Долно Којнаре, кумановско. Додека, пак,  под дејство на алкохол патничко возило управувал З.Д.(59) од Скопје. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

 

На 01.11.2026 во 16:40 часот на улица „Егејска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.Ј.(22) од Охрид, постпаувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом во Охрид физички ја нападнал неговата мајка и други членови на семејството. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.З.(37) од с.Муртино, струмичко и Н.С.(31) од с.Воиславци, радовишко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 25.12.2025 на бул.„Гоце Делчев’’ во Струмица, полициски службеници извршиле преглед над второпријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, која претходно ја набавил од првопријавениот.

 

На 01.11.2026 во 12:45 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци извршија службен разговор со Б.С.(44) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека не го почитувал решението од Центар за социјални работи Кавадарци и не ѝ овозможил на неговата 39-годишна поранешна сопруга видување со нивните малолетни деца. По целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО ГОКК - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Б.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ и против Б.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување“. Првопријавената, на работно место полицаец во Прифатниот центар за странци при РЦ за ГР Север, на 28.09.2026, за време на посета во Прифатниот центар за странци, од мајката на привремено задржано женско лице одзела еден златен и еден сребрен прстен и 3.000 денари кои ги пронашла при преглед во чантата на привремено задржаното лице. Второпријавениот, раководител на смена во Прифатниот центар за странци при РЦ за ГР Север, на 30.09.2026, при извршување на работните задачи влегол во собата каде што била сместена привремено задржаната, со вербално и физичко дејствување, како и преку користење електронски средства за комуникација, изразувал сексуална страст и вршел други дејствија кои јасно потсетуваат на сексуален однос со што го повредил достоинството на оштетената, предизвикувајќи ѝ чувство на непријатност, навреденост, понижување и страв, а која во моментот била во состојба на подреденост. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Б.Д. и Б.М. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност и отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка - суспензија.

 

На 01.11.2026 околу 22:30 часот во СВР Скопје, И.А.(24) од с.Петровец, скопско, пријави дека во с.Петровец бил физички нападнат од Д.Т. и неговиот малолетен брат, а бил употребен и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 01.11.2026 околу 01:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населбата Илинден, скопско, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Л.С.(18) од с.Мршевци, скопско и А.В.(19) од Скопје, кои се здобиле со повреди. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Р.(47), О.Р.(22) и А.Р.(25), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 23.08.2026, по претходна расправија, пријавените физички го нападнале Р.Б. и неговите три малолетни деца.

 

На 01.11.2026 околу 23:50 часот во СВР Скопје, 39-годишен маж пријави дека неговата сопруга Д.Р.(34) од Скопје, со која биле во бракоразводна постапка, во домот на подрачјето на Ѓорче Петров физички го нападнала нивниот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 01.11.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена пријави дека во домот во скопско, нејзиниот поранешен сопруг Р.М. се обидел да ја нападне. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против В.Н.(40) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Во периодот од последните две години, пријавениот следел, вознемирувал и психички малтретирал 35-годишна жена од Кочани.

 

На 01.11.2026 во СВР Скопје 49-годишна жена пријави дека на 31.10.2026 околу 21:45 часот на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот малолетен син и негови двајца другари биле физички нападнати од неколку малолетници, од кои дел ги познавале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 01.11.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје, 30-годишен маж пријави дека околу 00:30 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од З.Т. и Д.„Н“, а исто така З.Т. физички ја нападнал и неговата девојка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 01.11.2026 во 03:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ц.П.(40) и А.К.(42) двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

  

На 01.11.2026 околу 07:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош настанал пожар во куќа сопственост на Р.М.(73) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Повредени лица нема. Увид ќе се врши.    

Мени за пристапност