На 31.10.2026 во 20:15 часот во СВР Скопје, О.А.(34) од с. Сарај, скопско, пријавил дека на семафори на подрачјето на Ѓорче Петров, додека се наоѓал во своето патничко возило „фолксваген“, три машки лица излегле од друго патничко возило, со употреба на физичка сила го извлекле од возилото и го нападнале, притоа употребувајќи метални предмети и оштетувајќи го неговото возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 31.10.2026 во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа М.М.(18) од Скопје, поради учество во тепачка пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, за време на одигрување на кошаркарскиот натпревар помеѓу екипите на КК „Скопје 2023“ и КК „Работнички“. Според пријавеното, М.М., како член на навивачката група „Фемили Аеродром“, повикувал, поттикнувал и учествувал во тепачка, во која група од околу 30 навивачи на „Фемили“ физички нападнале околу 50 навивачи на КК „Работнички“, кои чекале да влезат на спортскиот натпревар. Притоа, 16-годишник од Скопје се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош. СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Денеска (01.11.2026) во 05:30 часот во СВР Скопје, К.П.(76) од скопско, пријавил дека на 31.10.2026 околу 21:15 часот во неговиот дом бил физички нападнат од две лица кои ги познавал. Притоа, едно од лицата го удрило со кундак од огнено оружје, по што двајцата му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 31.10.2026 во 19:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.В.(48) од Скопје, по претходна пријава дека истиот ден околу 10:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Центар и упатувал закани на неговата 47-годишна сопруга. Според пријавеното, таа ѝ во изминатите години била психички и физички малтретирана од нејзиниот сопруг. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 31.10.2026 во 21:55 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишија од слобода М.М.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека истиот ден околу 17:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба физички ја нападнал неговата 39-годишна сопруга, на која и упатувал закани и ја истерал од семејниот дом. Според пријавеното, пријавителката изминатите години била психички и физички малтретирана од нејзиниот сопруг. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 31.10.2026 во 14:19 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Т.Г.(26) од Крива Паланка, постапувајќи по претходна пријава дека на 30.10.2026 година во семејниот дом физички го нападнал неговиот 82-годишен дедо. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Д.Ц.(39) од беровско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „неизвршување на судска одлука”. На 09.10.2026 во Берово, пријавената физичка ја нападнала нејзината 12-годишна ќерка и постапила спротивно на Решение за заштита од семејно насилство, издадено од Основен суд Берово.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 28.09.2026 во Тетово, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал Р.И. од Тетово.
На 31.10.2026 во 11:58 часот во СВР Скопје, 80-годишна жена од Скопје, пријавила дека околу 11:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје била физички нападната од нејзината снаа М.М., која и упатувала закани и агресивно се однесувала. Според пријавеното, пријавителката ѝ претходно била психички и физички малтретирана од нејзината снаа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (01.11.2026) во 01:30 часот во СВР Скопје, М.Д.(76) од Скопје пријавил дека на
31.10.2026 околу 23:45 часот пред угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (01.11.2026) во 01:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локален пат од с. Горно Лисиче кон с. Долно Лисиче, скопско, по претходно нарушени односи бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.В.(19) од Скопје и М.С.(19) од скопско. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
Денеска (01.11.2026) во 05:40 часот во СВР Скопје, К.Д.(18) од скопско, пријавила дека околу 04.44 часот додека била во такси возило била физички нападната од нејзината другарка А.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (01.11.2026) во 00:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект во населба Илинден, скопско, по претходна расправија, В.В.(36) од с.Марино, скопско, физички го нападнал Б.Д.(43) од Скопје, кој употребил тврд предмет, нанесувајќи му расекотина. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 31.10.2026 година во 19,30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е О.О.(50) од Радовиш, по претходна пријава дека во дом во Охрид каде привремено престојувал, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 31.10.2026 во 23:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа А.М.(21),Н.Ј.(20), Л.П.(20), И.Р.(20), Д.Д.(19) и А.М.(20) сите од Скопје, по претходна пријава дека околу 21:00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје физички го нападнале М.Т.(18) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.