Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

СКОПЈЕ 3

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

 

Врз основа на член 56 став 5 и член 57 став 3 од Законот за прекршоци, (Службен весник на РСМ бр. 96/19) Одделението за прекршоци Скопје 3 - Комисија за одлучување по прекршоци, при Министерството за внатрешни работи, врши:

 

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ

 

Министерството за внатрешни работи, Одделение за прекршоци Скопје 3 - Комисија за одлучување по прекршоци, им соопштува на наведените физички и правни лица, дека направи два последователни обиди за достава на ИЗВЕСТУВАЊА за поднесени барања за поведување на прекршочна постапка за прекршоци од ЗБСП, кои не се во состојба да ги достават со лична достава, и тоа:

 

1.        Судахан Сулејман живее во Скопје во на ул. „Патрис Лумумба“ бр. 6/1, по предмет 19.1.3-4137/25,

2.       Сабухан Џеладин, живее во Скопје на ул. „Пелагонија“ бр. 60, по предмет бр. 19.1.3-4154/25,

3.       Судахан Иљазов, живее во Скопје на ул. „Овчеполска“ бр. 95, по предмет бр. 19.1.3-4201/25,

4.      Орхан Кајтаз, живее во Скопје на ул. „Пелагонија“ бр. 91, по предмет бр. 19.1.3-1951/25,

5.       Назим Биљали, живее во Куманово на ул. „Средорек“ бр. 39, по предмет бр. 19.1.3-1977/25.

 

Се повикуваат горенаведените физички и правни лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Одделение за прекршоци Скопје 3, Комисија за одлучување по прекршоци, во објектот на МВР на РМ - Сектор за прекршоци, на улица „Димитар Туриманџовски“ бр.1 нас. Лисиче, во својство на странки за прием на горенаведеното барање за поведување на прекршочна постапка, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот, на кое ќе можат писмено да се произнесат во врска со фактите и доказите наведени во барањето за поведување на прекршочна постапка.

 

 

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

Ова соопштение во јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е согласно со член 56 став 5 и член 57 став 3 од Законот за прекршоци.

Доколку горенаведените лица во рок од 3 (три) дена по приемот на писменото не се произнесат по поднесеното барање, Комисијата по службена должност без одлагање ќе ги прибави доказите и ќе ја утврди фактичката состојба потребна за одлучување по прекршокот, согласно член 60 од Законот за прекршоци.

 

                                                                        Одделение за прекршоци Скопје 3

Комисија за одлучување по прекршок

Мени за пристапност