РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Врз основа на чл.56 ст.5 и чл. 57 ст.3 од Законот за прекршоци, (Службен весник на РМ бр.96/19) Одделението за прекршоци Скопје 3 - Комисија за одлучување по прекршоци, при Министерството за внатрешни работи, врши:
ЈАВНА ОБЈАВА
ЗА ДОСТАВУВАЊЕ
Министерството за внатрешни работи, Одделение за прекршоци Скопје 3- Комисија за одлучување по прекршоци, им соопштува на наведените физички и правни лица, дека направи два последователни обиди за достава на ПОКАНИ за поднесени барања за поведување на прекршочна постапка за прекршоци од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир кои не се во состојба да ги достават со лична достава:
- Елис Реџепи, живее во Скопје, ул. „Овчеполска“ бр. 105, по предмет 19.1.3-2150/25,
- Неџип Реџеп, живее во Скопје, ул. „Овчеполска“ бр. 105, по предмет 19.1.3-2150/25 – во својство на сведок,
- Елис Реџепи, живее во Скопје, ул. „Овчеполска“ бр. 105, по предмет 19.1.3-2151/25,
- Неџип Реџеп, живее во Скопје, ул. „Овчеполска“ бр. 105, по предмет 19.1.3-2151/25 – во својство на сведок.
Се повикуваат горенаведените физички и правни лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Одделение за прекршоци Скопје 3, Комисија за одлучување по прекршоци, во објектот на МВР на РМ - Сектор за прекршоци, на улица „Димитар Туриманџовски“ бр.1 нас. Лисиче, во својство на странки за прием на горенаведените известувања, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот, на кое ќе можат писмено да се произнесат во врска со фактите и доказите наведени во барањето за поведување на прекршочна постапка.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Ова соопштение за јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е согласно со член 56 став 5 и член 57 став 3 од Законот за прекршоци
Доколку горенаведените лица во рок од 3 (три) дена по приемот на писменото не се произнесат по поднесеното барање, Комисијата по службена должност без одлагање ќе ги прибави доказите и ќе ја утврди фактичката состојба потребна за одлучување на прекршокот, согласно член 60 од Законот за прекршоци.
Одделение за прекршоци Скопје 3
Комисија за одлучување по прекршок