РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Врз основа на член 56 став (5) од Законот за прекршоците („Сл. весник на РСМ“ бр. 96/19 и 253/23), Комисијата за одлучување по прекршоци, Одделение за прекршоци - Велес, во СППТРСМ, Оддел за прекршоци, при МВР, врши објава на веб страницата на Министерството за внатрешни работи:
ДОСТАВА СО ЈАВНА ОБЈАВА
Министерството за внатрешни работи, Оддел за прекршоци, СППТРСМ, Одделение за прекршоци - Велес, Комисија за одлучување по прекршоци, им соопштува на наведените физички лица, дека направи 2 (два) обиди за достава на ИЗВЕСТУВАЊА за поднесени барања за поведување на прекршочна постапка од ЗВ, кои не се во состојба да се достават со лична достава и тоа на:
- Волкан Вејселов, живее на ул. „Стеван Богоев“ бр. 165, општина Велес, Известување П.П. бр. Ф-19.2.3-2152/25 од 05.11.2025 година;
- Јонуз Красниќ, живее на ул. „Хаџи Јован Шишко“ бр. 89 Б, општина Скопје – Шуто Оризари, Известување П.П. бр. Ф-19.2.3-2533/25 од 23.12.2025 година;
- Драганче Давчевски, живее на ул. „Ацо Шопов“ бр. 9 општина Чашка, Известување П.П. бр. П-19.2.3-2202/25 од 16.12.2025 година,
- Жанета Бадаровска-Ѓорѓиевска, живее на ул. „Разловечко Востание“ бр. 26 општина Скопје-Карпош, Известување П.П. бр. П-19.2.3-2271/25 од 11.12.2025 година.
- Гоце Михајловски, живее на ул. „Христо Татарчев“ бр. 47В/54 општина Скопје-Кисела Вода, Известување П.П. бр. П-19.2.3-2274/25 од 16.12.2025 година,
- Ибраим Дестанов, живее на ул. „Благој Страчковски“ бр. 90 општина Велес, Известување П.П. бр. П-19.2.3-2307/25 од 11.12.2025 година,
- Пере Николов, живее на ул. „Никола Оровчанец“ бр. 18 општина Велес, Известување П.П. бр. П-19.2.3-2393/25 од 05.12.2025 година,
- Пере Николов, живее на ул. „Никола Оровчанец“ бр. 18 општина Велес, Известување П.П. бр. П-19.2.3-2394/25 од 05.12.2025 година,
- Серхан Јашаров, живее на ул. „Благој Страчковски“ бр. 67 општина Велес, Известување П.П. бр. П-19.2.3-2414/25 од 11.12.2025 година и
- Мемет Јашаров, живее на ул. „Благој Страчковски“ бр. 94 општина Велес, Известување П.П. бр. П-19.2.3-2445/25 од 11.12.2025 година.
Се повикуваат горенаведените физички лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на оваа јавна објава да се јават во просториите на МВР, Одделението за прекршоци - Велес, Комисија за одлучување по прекршоци, во објектот на МВР – СВР ВЕЛЕС, на ул. „Панко Брашнаров“ бб, во Велес, во својство на странки за прием на горенаведените ИЗВЕСТУВАЊА, заедно со примерок од барањата за поведување на прекршочна постапка, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот.
Ова соопштение со јавна објава на веб страницата на Министерството за внатрешни работи ќе се смета за уредно доставување на писменото, а согласно член 56 став (5) од Законот за прекршоците.
Доколку горенаведените лица во рок од 3 (три) дена од уредното доставување на писмената, не се произнесат писмено по поднесеното барање против истите, Комисијата по службена должност без одлагање ќе ги прибави доказите и ќе ја утврди фактичката состојба потребна за одлучување по прекршокот, а согласно член 60 од Законот за прекршоците.
Началник на
Одделение за прекршоци – Велес
Стојче Дончевски