РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
-Врз основа на 56 став 5 од Законот за прекршоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/19) Одделение за прекршоци Тетово 1, Сектор за прекршоци за подрачјето на територија на Република Северна Македонија, Оддел за прекршоци при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, врши објава на веб страницата на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија :
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ
Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оддел за прекршоци, Сектор за прекршоци за подрачјето на територија на Р.С.М, Одделение за прекршоци – Тетово 1, Комисијата за одлучување по прекршоци, им соопштува на наведените правни и физички лица, дека направи два последователни обида за достава на ИЗВЕСТУВАЊА со прилог поднесени Барања за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител, кои не се во состојба да се достават со лична достава и тоа на :
1. Арљинд Алили од Гостивар,ул.ЈНА бр.349, Општина Гостивар, ПП.бр.19.2.10-1036/2025 од 23.09.2025 година
2. Емир Пачариз од Скопје,ул.Јосиф Михајловиќ бр.6,Општина Чаир, ПП.бр.19.2.10-1405/25 од 02.12.2025 година
3. Дурим Саити од с.Мала Речица,ул.170 бр.44,Општина Тетово, ПП.бр.19.2.10-1439/25 од 02.11.2025 година
4. Суад Селами од с.Долно Палчиште,Општина Боговиње,ПП.бр.19.2.10-1448/25 од 02.11.2025 година
5. Суад Реџепи од с.Желино,Општина Желино,ПП.бр.19.2.10-1450/25 од 02.11.2025 година
6. Денис Абдиу од с.Порој,Општина Тетово,ПП.бр.19.2.10-1552/25 од 22.12.2025 година
7. Арљинд Мустафа од Тетово,ул.Илинденска бр.А2/2/3-1,Општина Тетово, ПП.бр.19.2.10-1568/25 од 22.12.2025 година
8. Енис Алија од с.Ѓермо,Општина Тетово,ПП.бр.19.2.10-1571/25 од 22.12.2025 година
9. Ведат Асани од с.Ѓурѓевиште, Општина Врапчиште, ПП.бр.19.2.10-1573/2025 од 22.12.2025 година
10. Артан Аљији од с.Слатино, Општина Теарце, ПП.бр.19.2.10-1597/2025 од 22.12.2025 година
11. Члирим Османи од с.Желино, Општина Желино, ПП.бр.19.2.10-1623/2025 од 22.12.2025 година
12. Даут Мисими од Тетово,ул.Браќа Миладинови бр.408/А-3, Општина Тетово, ПП.бр.19.2.10-1632/25 од 22.12.2025 година,
13. Артан Куртиши од с.Долно Палчиште, Општина Боговиње, ПП.бр.19.2.10-1635/25 од 22.12.2025 година,
14.Денис Абдиу од с.Порој,Општина Тетово,ПП.бр.19.2.10-1645/25 од 22.12.2025 година
Се повикуваат горенаведените физички и правни лица во рок од (8) осум дена од денот на објавувањето на оваа јавна објава на веб страната, да се јават во просториите на МВР - Одделението за прекршоци Тетово 1, Комисија за одлучување по прекршци Тетово 1, во својство на странка и за прием на горенаведените ИЗВЕСТУВАЊА со прилог поднесени Барања за поведување на прекршочна постапка, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот, на кое во рок од (3) три дена ќе можат писмено да се произнесат во врска со фактите и доказите наведени во Барања за поведување прекршочна постапка.
Предупредување :
Ова соопштение со јавна објава на веб страницата на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија ќе се смета за уредно доставување на писменото што е во согласност со член 56 став 5 од Законот за Прекршоци. Доколку горенаведените лица во рок од (3) три дена по приемот на писменото не се произнесат по поднесеното барање, Комисијата по службена должност ќе ги прибави доказите и ќе ја утврди фактичката состојба потребна за одлучување по прекршокот, а согласно член 60 од Законот за прекршоците.
Одделение за прекршоци Тетово 1
Комисија за одлучување по прекршоци