Институтот за комуникациски студии (ИКС) го спроведува проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, во чии рамки учествуваат претставници на институции во меѓуинституционалната координативна група на проектот. Групата ја сочинуваат претставници од 10 институции и претставува обид за воспоставување неформален механизам за координација и соработка на теми поврзани со странско мешање и манипулирање со информации (СММИ).
Странското мешање и манипулација со информации (СММИ) е нова хибридна закана за политичките системи во либералните демократски средини. Преку употреба на легални алатки, странските актери користејќи СММИ се обидуваат да ја намалат довербата во институциите и го манипулираат јавното мислење со цел постигнување на промена во домашната политичка средина.
Овој ресурсен центар е наменет да им помогне на истражувачите, носителите на одлуки, јавните службеници и граѓаните да ги разберат предизвиците од СММИ, полесно да ги препознаваат потенцијалните напади, како и да им даде основа за нивна натамошна анализа.
Линк
Алатки за справување со странско мешање и манипулација со информации