Вчера (05.07.) полициски службеници од СВР Струмица -Отсек за превенција, заедно со полициски службеници од РЦ Исток - ПС за ГП и ГН Ново Село во населените места Ново Коњарево, Смолари, Старо Коњарево, Дражево и Мокрино, струмичко, реализира превентивна активност за заштита од пожари.
На жителите од наведените населени места им беше укажано за опасноста од несвесното постапување со отпад и негово палење, потоа од палењето на стрништа и меѓи, фрлање на запалив отпад, отпушоци и слични потенцијално ризични причини. Исто така, им беше укажано за суштината на забраната за движење во шумски појас се со цел да се намали ризикот од пожари посебно за време на високите температури. При активноста беше делен и едукативен материјал обезбеден во соработка со ЈП „Национални шуми“.