Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Сите сме пешаци, бидете одговорни во сообраќајот“, превентивна активност на СВР Велес

„Сите сме пешаци, бидете одговорни во сообраќајот“, превентивна активност на СВР Велес

Денеска (24.06) од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес и ПС за БПС Велес на неколку локации во Велес беше реализирана превентивнa активност „Сите сме пешаци, бидете одговорни во сообраќајот“.

Пешаците како активни учесници во сообраќајот  имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и улицата треба да ја преминуваат единствено на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони, да бидат внимателни, особено во вечерните часови кога се движат на неосветлени локации. Со почитување на препораките, пешаците ќе ја зголемат како својата, така и безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот.


Во рамки на превентивната активност беа опфатени и возачите, на кои им беше укажана потребата и обврската за почитување на сообраќајните правила, клучните фактори за безбедноста на најранливата категорија на учесници во сообраќајот-пешаците и особено повозрасните лица, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.


Целта на овие превентивно – едукативни активности беше да се влијае на зголемување на нивото на сообраќајната култура, но и зајакнување на довербата и соработката меѓу полицијата и граѓаните.


На граѓаните им беа поделени и печатени едукативни материјали со препораки за безбедно учество во сообраќајот и зголемена будност и внимателност при преминувањето на улица од страна на пешаците , изработени од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Мени за пристапност