Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Симулациска вежба за евакуација при настанат пожар, превентивни активности на СВР Велес

Симулациска вежба за евакуација при настанат пожар, превентивни активности на СВР Велес

Денеска (13.11.2025) во ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ во Велес, беше изведена симулациска вежба за брза евакуација и однесување во кризни ситуации, односно симулација на пожар. Полициски службеници од СВР Велес, во соработка со Територијалната противпожарна единица Велес, ОО на Црвен крст Велес, Дирекцијата за заштита и спасување и екипа на Итната медицинска помош Велес, заедно со учениците и персоналот од училиштето спроведоа вежба на тема „Начин на однесување во кризни ситуации“.

На вежбата беа презентирани мерките за заштита и спасување и начинот на постапување на службите на терен при евентуално настанат пожар. Целта е учениците да се запознаат со начините и протоколите за однесување во кризни ситуации, односно начинот на евакуација и брза интервенција при пожар, совладување на паниката и безбедно и организирано евакуирање во претпоставена ситуација.

Мени за пристапност