Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Симулациска вежба на ОВР Прилеп за однесување во кризни ситуации

Симулациска вежба на ОВР Прилеп за однесување во кризни ситуации

Вчера (12.05.) полициски службеници од ОВР Прилеп при СВР Битола во соработка со Општинската организација на Црвениот крст од Прилеп, со Територијалната противпожарна единица Прилеп, како и со екипа на Итна медицинска помош Прилеп и ученици од  средното училиште  „Ѓорче Петров “ во Прилеп, во централното градско подрачје во Прилеп, за учениците од ова училиште и за граѓаните спроведоа симулациска вежба на тема: „Начин на однесување во кризни ситуации“.

Вежбата беше спроведена со цел учениците и граѓаните да се запознаат со начините и протоколите на однесување во кризни ситуации, потоа за начините на евакуација од пожар, при сообраќајна несреќа, поплава, како и совладување на паниката за безбедно и организирано евакуирање во претпоставена ситуација.

Мени за пристапност