Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од пожари, топлотни удари и имотни деликти

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од пожари, топлотни удари и имотни деликти

Денеска (30.06.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и Отсекот за превенција при СВР Тетово, во Велес и Тетово реализираа сообраќајни превентивни активности насочени кон пешаците, во кои на граѓаните им беше потенцирана потребата за почитување на сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста на сообраќајниците. Пешаците како активни учесници во сообраќајот, имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со напомена дека улицата треба да ја преминуваат на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони, да бидат внимателни, особено во вечерните часови кога се движат на неосветлени локации.

Полициски службеници од ОВР Берово пак, во Берово реализираа превентивни активности насочени кон возачите на мотоцикли, електрични тротинети и велосипеди, при што возачите беа потсетени на правилата и обврските за внимателно и одговорно учество во сообраќајот, особено за обврската за носење заштитен шлем. Вчера (29.06.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола и полициската станица за безбедност во сообраќајот при СВР Битола на подрачjето на Битола, реализираа превентивна активност со акцент на свесноста кај возачите да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Полициски службеници од Полициското одделение Чашка и РЦГР Исток денеска во Чашка и Македонска Каменица реализираа превентивна активност за заштита од пожари, во рамки на која на граѓаните им беше потенцирано дека потребна е континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување како палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и сл. со цел брза и навремена реакција.

Превентивни активности за заштита од пожари денеска беа реализирани и на територија на Градско и Богомила. Полициски службеници од СВР Штип пак, одржаа работна средба со претставници на другите институции, посветена на справувањето со пожарите. Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, денеска спроведоа превентивна активност „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“ на подрачјето на ПС Центар. Во непосредна комуникација со граѓаните им укажуваа да не оставаат вредни предмети во паркираните автомобили, со цел да се превенираат можностите за тешки кражби од патнички моторни возила. Исто така, на граѓаните им беше укажувано за начините за превенција во тесна соработка со полицијата, а воедно им беа делени и едукативни печатени материјали со информативни содржини, со укажување дека секој сомнителен случај треба да го пријават во полициска станица. Отсекот за превенција при СВР Куманово пак во соработка со ЈЗУ Општа болница Куманово реализираше превентивна активност за заштита на граѓаните од топлотни удари, при што на граѓаните од страна на медицински лица им беа дадени соодветни препораки и совети.

Мени за пристапност