Денеска (11.06.2025) на Градскиот пазар во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница реализираа активност за превенција од имотни деликти со особен акцент на превенција од џебни кражби, измами и разбојнички кражби. Активноста – „Градиме пријателство -создаваме безбедност" е реализирана преку непосредни средби со граѓани, особено со повозрасните на кои им беше укажано и појаснувано како да се заштитат од сторителите на овие кривични дела. На граѓаните им беа поделени и летоци со едукативна содржина.
Исто така, денеска (11.06.2025), полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај реализираа превентивна активност и во Делчево на тема „Вози одговорно - стави појас“. За време на активноста на возачите - учесници во сообраќајот им беа поделени летоци со едукативна содржина за почитување на законската регулатива, за почитувањето на сообраќајните правила и прописи, како и тоа дека некористењето на сигурносниот појас е една од главните причини за голем број загинати и тешко повредени лица во сообраќајни незгоди. Целта на активноста беше зголемување на безбедноста во сообраќајот и почитување на сообраќајните правила.