Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Тетово за безбедни полуматурски прослави и превенција на врсничко насилство

Превентивни активности на СВР Тетово за безбедни полуматурски прослави и превенција на врсничко насилство

Денеска (22.05.), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, во содејство со Општинскиот совет за превенција од детското престапништво при oпштина Тетово, во две општински основни училишта во Тетово, односно во училиштата „Андреа Савески- Кикиш“ и „Истикбал“ одржаa предавања на темите „Безбедни полуматурски вечери“ и „Врсничкото насилство“.  
На предавањата беа опфатени различните форми и аспекти на безбедното одржување на полуматурските прослави и законските импликации при можни нарушувања на јавниот ред и мир, како и насилството меѓу врсниците, со посебен осврт на предизвиците од социјалните мрежи коишто имаат сериозни последици по животот и здравјето на децата. Притоа беше нагласено дека од исклучителна важност е превентивното реагирање кон  негативните појави, пред се во насока на соработка и комуникација од страна на  сите чинители за навремено откривање и заштита на младите од разните форми на девијантни однесувања. Учениците, исто така, беа информирани за надлежностите на Општинскиот совет за превенција од детското престапништво, а се разговараше и за теми кои се од интерес на учениците.

Мени за пристапност