Денеска (04.06.2025) отсекот за превенција при СВР Струмица одржа едукативно предавање со учениците од 9-то одделение од ООУ „Видое Подгорец“ од Струмица во рамки на кампања за „Безбедни полуматурски прослави“ .
Преку интерактивно предавање на учениците им беше укажано како полуматурската прослава да ја поминат безбедно, со акцент на почитување на законските прописи пред се во поглед на забраната за конзумирање на алкохол за малолетници, потоа за забраната на присуство на малолетници во угостителските објекти после 24 часот и генерално за одржување на јавниот ред и мир во угостителските објекти каде што ќе се одржи прославата, а во интерес на нивната сигурност и спокојно прославување на полуматурата.
Со учениците беше разговарано и за штетните последици од конзумирање на алкохол, цигари или наркотични средства, како и за начинот како да се заштитат.
Инаку вчера (03.06.2025) во рамки на превентивните активности на СВР Струмица, учениците од второ одделение од ООУ „Сандо Масев“ од Струмица го посетија објектот на СВР Струмица. Притоа децата имаа можност да ги видат просториите на ПС ОН Струмица дел од опремата и возилата на полицијата, а беше одржано и едукативно предавање околу безбедноста во сообраќајот. На учениците им беше поделен и едукативен материјал обезбеден од страна на РСБПС.