Денеска ( 16.06.) полициски службеници од ОВР Делчево и од ПО за БПС Делчево спроведоа превентивна активност од областа на безбедноста на сообраќајот под мотото „Вози безбедно, носи кацига“. Активноста беше спроведена во централното подрачје на Делчево, а основна цел беше зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на сообраќајните правила и прописи, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Таа првенствено беше наменета за корисниците на мотоцикли, велосипеди и електрични тротинети, а беа делени и едукативни летоци изработени во соработка со РСБСП.
Инаку, денеска и од страна на полициски службеници од ПО за БПС Берово беше спроведена превентивна активност под мотото – „Паркирај совесно, паркирај одговорно“ на локации на улиците „Маршал Тито“ и „23 Август“ во Берово. Притоа, на учесниците во сообраќајот им беше укажано дека неправилното паркирање е причина за голем број на сообраќајни незгоди во кои страдаат децата, пешаците и велосипедистите.