Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Штип за безбеден сообраќај

Превентивни активности на СВР Штип за безбеден сообраќај
Денеска (02.06.) полициски службеници од ПС за БПС Штип во градинката „Виножито“ во Штип реализираа едукативна работилница на тема – „Безбедност во сообраќајот“.
Притоа, децата од предучилишна возраст, преку наменски подготвено предавање беа запознаени со основните сообраќајни правила и прописи, односно како да се однесуваат кога се учесници во сообраќајот, и како пешаци, а особено кога возат велосипеди.

Исто така, денеска полициски службеници за превенција заедно со полициски службеници од ПО за БПС Кочани на учениците од прво до петто одделение од основното општинско училиште „Синиша Стоилов“ во село Зрновци, како и на учениците од првите одделенија од основното општинско училиште „Малина Поп Иванова“ во Кочани им одржаа едукативни предавања во врска со безбедноста во сообраќајот. Преку наменски подготвени презентации децата беа запознаени како се преминува безбедно улицата и тоа само на обележан пешачки премин, а посебно внимание се посвети на запознавање со сообраќајните знаци и правила што треба секој да ги почитува како учесник во сообраќајот. 

Мени за пристапност