Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Штип

Превентивни активности на СВР Штип

Денеска (04.06.2025) полициски службеници за безбедност на патиштата и сообраќајот и за превенција заедно со полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патиштата и сообраќајот Кочани на учениците од прво одделение од ООУ „Кирил и Методиј“ во  Кочани одржаа едукативно предавање од областа на безбедноста во сообраќајот. 

Преку презентација децата беа запознаени со правилата за безбедно преминување улица, со хоризонталната и вертикална сигнализација, а им беше укажано и за опасностите од игра на улица и дека е важно познавањето на основните сообраќајни правила и прописи. Воедно на учениците практично им беше покажано како се регулира физички сообраќајот, односно што значат движењата на рацете на полицаецот. 

 

Идентично на оваа активност, денеска и полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патиштата и сообраќајот Делчево во делчевското ООУ „Ванчо Прќе“, како и полициски службеници од ПС за БПС Штип во градинката „Сончогледи“ во Штип, реализираа едукативни предавања за учениците од петто и шесто одделение како и за децата од предучилишната група на тема околу безбедноста во сообраќајот на најмладите, и како пешаци и како велосипедисти, но и како возачи на тротинети. 

 

Покрај ова на подрачјето на СВР Штип од областа на сообраќајот превентивна активност реализираа и полициски службеници од ПО за БПС Берово на локации во центарот на градот односно на улиците „Маршал Тито“ и „Партизанска“ а под мотото „Учествувајте одговорно во сообраќајот“. Истовремено полициски службеници од ОВР Пробиштип на патот Р1205, превентивно разговараа со учесниците во сообраќајот на повеќе важни теми почнувајќи од опасноста од користење мобилен телефон при возење, преку задолжителното користење на сигурносен појас, се до забрането користење на алкохол. На учесниците во сообраќајот им беа делени едукативни летоци изработени во соработка со РСБСП .

Мени за пристапност