Вчера (15.06.) полициски службеници од Полициската станица за ГП „Табановце“ при РЦ за ГР Север во соработка со Јавното претпријатие „Национални шуми“ на граничниот премин „Табановце“ спроведоа превентивни активности, тематски фокусирани на заштитата на шумите од шумски пожари и на заштита од бесправна сеча на дрва.
Притоа, полициските службеници реализираа низа средби со граѓани и возачи, при што во непосредна комуникација им беше укажано на неопходноста од внимателно и одговорно однесување, особено во поглед на палењето на стрништа и меѓи, фрлање на отпушоци и друг запалив отпад, односно елиминирање на сите потенцијални ризици кои можат да предизвикаат шумски пожари. Воедно, на граѓаните им беа делени и едукативни летоци со корисни содржини за законските последици и за превенцијата од пожари на отворен простор и шумски пожари.