Вчера (17.07.) полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, а во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата- Кавадарци, на подрачјето на Кавадарци, реализираа сообраќајна превентивна активност.
Основната цел на активноста беше зголемување на сообраќајната култура преку потсетување на сообраќајните правила и прописи, како и обврските за внимателно и одговорно учество во сообраќајот и зголемување на безбедноста на велосипедистите, возачите на мопеди, мотоцикли и електрични тротинети. Посебен акцент беше ставен на обврската за носењето на заштитен шлем, како за возачите, така и за сопатниците на овие превозни средства, како клучна мерка за заштита и намалување на последиците при евентуални незгоди.
На возачите им беа поделени и едукативни печатени материјали, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.