Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивна активност на СВР Скопје за безбеден сообраќај

Превентивна активност на СВР Скопје за безбеден сообраќај

Денеска (22.05.) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП и полициски службеници од ПСОН Аеродром, спроведе превентивно едукативна активност под мотото – „Паркирај совесно, паркирај одговорно“, а во рамки на континуираниот превентивен проект за безбеден сообраќај.
Едукативната активност се спроведе на подрачјето на ПСОН Аеродром, односно на локации на улиците „Коста Новаковиќ“ и „Вангел Тодоровски“. Притоа, полициските службеници во непосредна комуникација со граѓаните, односно со возачите, апелирајќи за почитување на сообраќајните правила и прописи, укажуваа дека правилното паркирање е од исклучителна важност за севкупната безбедност во сообраќајот, како во поглед на безбедноста на пешаците, така и во поглед на непреченото одвивање на сообраќајот, анулирање на материјалните штети и слично. Исто така, на возачите им беа делени едукативни летоци со информативни содржини, изработени во соработка со РСБСП.

Мени за пристапност