Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивна активност на СВР Скопје во Сарај за поголема безбедност во сообраќајот

Превентивна активност на СВР Скопје во Сарај за поголема безбедност во сообраќајот

Денеска (18.06.) во рамките на сеопфатните кампањи за унапредување на сообраќајната култура, на подрачје на Полициското одделение Сарај, на влезот на општината, Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со полициски службеници од ПО Сарај реализираа сообраќајна превентивно-едукативна активност наменета за корисници на мотоцикли, велосипеди и е-тротинети, како и за пешаците и возачите. 

 

По мотото: „Носи кацига-вози одговорно“, „Заврти на сигурно со велосипед и е-тротинет“, „Сите сме пешаци“, „Стави појас“, „Не зборувај на мобилен додека возиш“ и „Паркирај совесно-паркирај одговорно“ целта на активноста, инаку поддржана и во соработка со РСБСП беше насочена кон подигнување на безбедносната свест за одговорно и безбедно учество во сообраќајот, особено кај категориите учесници кои најчесто се изложени на ризици – пешаци, мотоциклисти, велосипедисти и корисници на електрични тротинети.

 

Притоа, беше поделен едукативен материјал во форма на летоци како едукативен материјал со практични совети за безбедно движење по тротоарите, велосипедските патеки и патиштата.

Мени за пристапност