Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивна активност на РЦГР Југ за заштита од пожари

Превентивна активност на РЦГР Југ за заштита од пожари

Денеска (15.05.) полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ долж зелената граница во мариовско и гевгелиско, заедно со полициски службеници од ПС за ГН Старавина и ПС за ГН и ГП Богородица, реализираа превентивна активност фокусирана на темата – заштита од пожари. Во разговор со месното население од овие подрачја односно во селата Витолиште, Полчиште, Бешиште, Ума, Коњско и Дуње полициските службеници укажаа на опасностите од палење оган на отворен простор, независно дали се работи за меѓи, стрништа или растителен отпад. Воедно, на жителите им беа делени и едукативни летоци, изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“, а беше нагласено и дека најважен фактор во превенцијата е соработката и навремената комуникација со полицијата, со противпожарните служби, заради спречување на уништувањето на шумскиот фонд.

Мени за пристапност