Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Паркирај совесно - паркирај одговорно“, превентивна активност на СВР Скопје

„Паркирај совесно - паркирај одговорно“, превентивна активност на СВР Скопје

Во рамките на сеопфатните кампањи за унапредување на сообраќајната култура, денеска (18.07.) на подрачјето на ПСОН Кисела Вода, односно на локации на улицата „Ѓорѓи Димитров“, Одделението за превенција при СВР Скопје  во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа превентивно-едукативна активност под мотото „Паркирај совесно - паркирај одговорно“.


Активноста имаше за цел подигнување на безбедносната култура, за одговорно и безбедно учество во сообраќајот, особено кај возачите. Притоа, покрај непосредните укажувања, на возачите им беше делен едукативен печатен материјал со информативни содржини, односно  практични совети и поуки за безбедно учество во сообраќајот.

Мени за пристапност