Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Не користи мобилен телефон додека возиш“, превентивна активност на СВР Струмица

„Не користи мобилен телефон додека возиш“, превентивна активност на СВР Струмица

Денеска (16.06) во централното градско подрачје на Струмица полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Струмица спроведоа превентивно - едукативна активност во рамки на кампањата „Вози внимателно и одговорно“, а под мотото „Не користи мобилен телефон додека возиш“.


Превентивната активност беше наменета за сите учесници во сообраќајот кои управуваат моторни возила, и преку директна комуникација им беше укажувано на големиот ризик и последиците кои можат да настанат доколку се користи мобилен телефон додека се управува моторно возило. Воедно, беа поделени и летоци со едукативна содржина, обезбедени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје.

Мени за пристапност