Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Едукативни работилници на СВР Велес за превенција од насилство во училиштата

Едукативни работилници на СВР Велес за превенција од насилство во училиштата

Денеска (21.05.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес за учениците од шесто до осмо одделение во ООУ „Панко Брашнаров“ во Велес, реализираа едукативни работилници на темите „Насилство во училиштата“, „Сајбер булинг“, „Внимателност при користење на социјални мрежи“, „Тикток предизвици“ и „Вандализам“.
Учениците беа запознаени со различните форми на булинг и насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, како и со последиците што може да се појават во различни форми од вандалското однесување и врсничкото насилство. Полициските службеници им ги појаснија и потенцираа начините и методите за навремено превенирање и справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите. Воедно, на учениците им беше укажана потребата за поголема внимателност при користењето на социјалните мрежи, односно неприфаќање на било какви постирани предизвици, што може да им наштетат. Целта на едукативните предавања е да се споделат совети со учениците, за тоа како да бидат побезбедни при користење на интернет просторот, но и да се подигне свеста за сериозно анализирање на содржините на кои наидуваат и целосно избегнување на опасните Тикток предизвици.

Мени за пристапност