Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Едукативна работилница на СВР Битола за превенција од насилство во училиштата

Едукативна работилница на СВР Битола за превенција од насилство во училиштата

Полициски службеници од СВР Битола вчера (21.05) реализираа едукативна работилница посветена на темата за превенција од насилство во училиштата со учениците од основното училиште  „Даме Груев“ во Битола.
Притоа, на работилницата, конципирана како интерактивна комуникација со учениците, беа презентирани различните форми и механизми за заштита од насилството во и вон училиштата, како и околу сајбер булингот преку социјалните мрежи, кој што е детектиран како потенцијален причинител на девијантни поведенија, вклучително и насилството. Основната цел на едукативната работилница беше подобрување на личната и на севкупната безбедност на учениците во образовно – воспитните установи, како и благовремено превенирање на сите облици и видови на насилство помеѓу учениците. Исто така, на учениците им беа презентирани и опасностите од користењето на психотропните супстанции, како и законските санкции за тоа.

Мени за пристапност