Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Да ги заштитиме шумите од пожари“, превентивна активност на РЦГР Исток и ПС Делчево

„Да ги заштитиме шумите од пожари“, превентивна активност на РЦГР Исток и ПС Делчево

Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток и од Полициската станица од општа надлежност Делчево, вчера (17.07.) на подрачјето на  општина Делчево во селата Чифлик, Тработивиште и Разловци, реализираа превентивна активност „Да ги заштитиме  шумите од  пожари“.


Во рамки на активноста, преку средби и разговори, на  граѓаните им беше  укажувано на потребата за  совесно и одговорно однесување при извршување на земјоделски работи, со  цел да се спречи појава на пожари и навремено пријавување до надлежните институции доколку се појави пожар на одреден простор.


Воедно, полициските службеници ги потсетуваа граѓаните за целосната забрана за движење во шумите и шумско земјиште, започната на 01.07.2025 во временски период  од 00 часот  до 24.00 часот со траење до 31.08.2025. Во рамките на активноста, на граѓаните им беа поделени и едукативни летоци.

Мени за пристапност