Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Младите ја препознаваат пораката на МВР – „Одговорно слави го успехот“ наиде на одличен прием кај матурантите

Младите ја препознаваат пораката на МВР – „Одговорно слави го успехот“ наиде на одличен прием кај матурантите

Кампањата „Одговорно слави го успехот“, која го реализираат Секторот за полициски работи од општа надлежност, Отсеците за превенција, Одделението за полиција и Одделението за криминалистичка полиција, успешно се спроведува во средните училишта и наидува на исклучително позитивен прием кај матурантите.

Младите со искрена благодарност и позитивни реакции ја прифаќаат поддршката од македонската полиција, препознавајќи ја не само како институција што се грижи за нивната безбедност, туку и како искрен партнер во нивното созревање и иднина.
Со скромен подарок, но со искрена поддршка и голема симболика, полициските службеници ги охрабруваат младите да продолжат по вистинскиот пат, да носат одговорни одлуки и да градат сигурна, успешна и достоинствена иднина – како за себе, така и за општеството во целина.

Пораката што се испраќа до младите е дека секој успех заслужува да биде прославен, но уште поважно е патот по кој ќе продолжат понатаму – пат исполнет со достоинство, вредности, свесност и верба во сопствената иднина.
Македонската полиција останува посветен партнер на младите, поддржувајќи ги не само кога е потребна заштита, туку и кога треба да се охрабрат, мотивираат и насочат кон правилни избори и позитивни животни вредности.

Мени за пристапност