Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во Скопје, пронајдена марихуана, приведено едно лице

Претрес во Скопје, пронајдена марихуана, приведено едно лице

На 29.07.2025 во 15.05 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.К.(24) од Скопје. При претрес во домот каде престојувал, извршен со наредба од Основен кривичен суд Скопје, била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Мени за пристапност