Почитувани,
Со особено задоволство Ве информираме дека Уредувачкиот одбор на Меѓународното научно списание на Министерството за внатрешни работи „Безбедност“, година донесе одлука за објавување на Повик за доставување на научни и стручни трудови во списанието за Број 10 за 2025 година.
Поттикнувањето на научната мисла од областа на безбедноста во земјата, во регионот, па и пошироко, ќе биде од особено значење за модернизацијата на безбедносниот сектор во целина, а МВР како централна институција во безбедносниот систем ја препознава својата одговорност и ќе ги презема сите неопходни чекори за развој на полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните, гарант на мирот и стабилноста во државата и чувар на Уставот и законите.
Со силна посветеност за развојот на научната мисла во областа на безбедноста, ги поттикнуваме сите заинтересирани автори да достават свои трудови со резултати од најновите истражувања, теоретските постулати и практичните достигнувања во безбедносните, полициските, криминалистичките, криминолошките, кривично-правните, економските, правните или други науки кои се значајни за развојот на полицијата и Министерството за внатрешни работи во целина.
За сите дополнителни информации, прашања или предлози можете да се обратите на електронската адреса на списанието spisanie@moi.gov.mk.
Срдечен поздрав,
Проф. д-р Никола Дујовски
Главен и одговорен уредник на МНС „Безбедност“