Прекуграничниот криминал не познава граници. Заедничката борба е клучот за безбедна иднина.
За една година министерството за внатрешни работи во делот на борбата со прекуграничен криминал бележи значителни успеси:
Зголемување за над 30% на откриените случаи на прекуграничен криминал
Запленети над 3600 парчиња монети и златен накит
Откриени над 25 возила кои се бараат по потрага на Интерпол
Запленети над 180 килограми сурово кафе
Запленети околу 620 штеки цигари и околу 460 килограми тутун
Запленета поголема количина стока за широка потрошувачка
Откриени околу 120 фалсификувани документи
Додека ги чуваме границите од криминалот, ги отвораме за граѓаните, за туристите, за полесен пренос на стоки и луѓе, за поголем туризам, повеќе транспорт, поголеми пријателства.
Пуштен во употреба концептот ONE STOP на граничните премини со Косово и Србија:
Блаце- Елез Хан
Јажинце-Глобочица
Табановце - Прешево
На ГП Стар Дојран отворени две нови линии за премин, со цел поефикасен и побезбеден проток на патници и возила