Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Зголемен број на возила на македонско-грчката граница, во функција се сите човечки и технички капацитети

Зголемен број на возила на македонско-грчката граница, во функција се сите човечки и технички капацитети

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во моментов има зголемена фреквенција и проток на патници и возила на Граничниот премин Богородица-Евзони кон Р.Грција.

Отворени се пет ленти за излез од Р.С.Македонија и пет ленти за влез во Р.С.Македонија.
Од страна на МВР се преземаат сите мерки и во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, се разбира со спроведување на задолжителните гранични проверки.

Мени за пристапност