Вчера (10.09.2026), Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи, во периодот од 17:00 до 21:00 часот, спроведе засилени акциски контроли на целата територија на државата за санкционирање на прекршоците што ги чинат возачите на лесни електрични возила, велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли.
Во рамки на засилените контроли, констатирани се 152 прекршоци кај возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли, при што најголем дел, односно 120 прекршоци, се однесуваат на некористење заштитен шлем.
При контролата на лесните електрични возила констатирани се 33 прекршоци најголем број поради некористење велосипедска патека, велосипедска лента или патека наменета за велосипедисти.
Од вкупниот број прекршоци, најголем дел се констатирани на подрачјето на СВР Битола – 45, потоа СВР Тетово – 26, СВР Велес и СВР Струмица по 25, СВР Охрид – 20, СВР Штип – 13, СВР Скопје – 12, СВР Куманово – 10 и девет од Мобилната единица за безбедност во сообраќајот.
Во текот на контролата констатирани се и 443 прекршоци од друг вид.
Поднесени се и пет кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик.
За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи.
Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.