Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик министерот за внатрешни работи учествуваше на состанок ЕУ – Западен Балкан во Брисел: реформите и борбата против криминалот во фокусот

Заменик министерот за внатрешни работи учествуваше на состанок ЕУ – Западен Балкан во Брисел: реформите и борбата против криминалот во фокусот

Заменик министерот за внатрешни работи денеска во Брисел учествуваше  на состанокот на високите претставници за правда и внатрешни работи меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан.
 
Во своето обраќање, заменик министерот се осврна на клучните реформски активности на државата во борбата против организираниот и финансискиот криминал, со посебен акцент на усогласувањето со меѓународните стандарди и правото на Европската Унија. Беше потенцирано донесувањето на стратешки документи и акциски планови насочени кон унапредување на финансиските истраги и конфискацијата на имот, како и зајакнувањето на институционалните капацитети и оперативната соработка.
 
„Наш приоритет е изградба на ефикасен и усогласен систем за борба против организираниот и финансискиот криминал, преку зајакнување на институционалните капацитети, унапредување на финансиските истраги и продлабочување на меѓународната соработка. Остануваме целосно посветени на усогласувањето со европските стандарди и заедничкиот одговор на современите безбедносни предизвици“, истакна заменик министерот.
 
Фокусот беше ставен на борбата против трговијата со дрога и новите безбедносни закани, вклучително и подготовката на законски измени за контрола на нови психоактивни супстанции и воспоставување систем за рано предупредување. Воедно, беа презентирани конкретни резултати од спроведени операции и меѓународната соработка во оваа област.
 
Во делот на миграцијата, беше нагласена посветеноста на државата кон имплементацијата на Акцискиот план на ЕУ за Западен Балкан, зајакнувањето на граничното управување и усогласувањето на визната политика со европските стандарди. Притоа беше потенцирана и хуманата димензија на миграцијата, како и напорите за заштита на ранливите категории и жртвите на трговија со луѓе.
 
Беше истакнато дека Македонија останува посветен и доверлив партнер на Европската Унија, со јасна цел за понатамошно јакнење на капацитетите, унапредување на регионалната соработка и придонес кон стабилноста и безбедноста во Европа.

Мени за пристапност