Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари средба со вршителот на должноста генерален конзул во Њујорк

Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари средба со вршителот на должноста генерален конзул во Њујорк

Денеска (28.09.2026) во Њујорк, заменик министерот за внатрешни работи д-р Астрит Исени оствари работна средба со г. Драган Петковски, вршител на должноста генерален конзул на Македонија во Њујорк.

На средбата беа разгледани прашања поврзани со соработката и координацијата меѓу институциите, како и со активностите на Генералниот конзулат насочени кон граѓаните на Македонија кои живеат и престојуваат во Соединетите Американски Држави.

Заменик министерот Исени ја нагласи потребата од континуирана и ефикасна комуникација меѓу институциите, особено во делот на обезбедувањето навремени информации и поддршка за граѓаните.

Во рамки на разговорот беше истакнато значењето на дијаспората и нејзината поврзаност со матичната држава, како и важноста од унапредување на институционалната соработка и комуникација со нашите граѓани надвор од земјата.

Заменик министерот Исени упати благодарност до г. Петковски за приемот и конструктивниот разговор, како и до вработените во Генералниот конзулат за нивниот ангажман и посветеност во работата со граѓаните.

Мени за пристапност