Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик министерот Исени на средба со претставничката на УНХЦР за Централна и Југоисточна Европа Никол Ептинг

Заменик министерот Исени на средба со претставничката на УНХЦР за Централна и Југоисточна Европа Никол Ептинг

Заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, денеска оствари работна средба со претставничката на УНХЦР за Централна и Југоисточна Европа, Никол Ептинг, на која беше разговарано за зајакнување на соработката во областа на азилот, миграциите и искоренувањето на бездржавјанството.

 

Исени изрази добредојде и честитки до Ептинг по повод нејзиното назначување на престижната функција, истакнувајќи дека Северна Македонија останува посветена на партнерството со УНХЦР и на почитување на меѓународните стандарди за човековите права.

 

Тој потсети дека државата ги има преземено сите клучни меѓународни инструменти од областа на заштитата на бегалците и лицата без државјанство, вклучително и Конвенцијата од 1951 година, Протоколот за статусот на бегалците, како и двете конвенции на ООН поврзани со бездржавјанството. Северна Македонија, како што истакна Исени, подолг период го усогласува националното законодавство со европските стандарди, со силна стручна поддршка од УНХЦР.

 

Заменик министерот посебно ја нагласи успешната елиминација на сите познати случаи на бездржавјанство произлезени од распадот на поранешна СФР Југославија, по што Северна Македонија стана прва земја во регионот и пошироко која целосно го реши овој долгогодишен проблем. Тој истакна дека овие резултати се плод на континуираната определба на државните институции кон социјалната инклузија, еднаквоста и доброто владеење, што е повеќепати поздравено и од Високиот комесар за бегалци, Филипо Гранди.

 

Во рамки на разговорот, Исени се осврна и на хуманитарниот пристап на државата кон лицата кои бегаат од Украина од почетокот на војната, нагласувајќи дека Северна Македонија обезбедува слободен влез и престој од хуманитарни причини, како и пристап до механизмите за меѓународна заштита согласно меѓународните норми.

 

Македонија останува силен поддржувач на Обединетите нации, мултилатерализмот и на мисијата на УНХЦР. Го цениме партнерството и ќе продолжиме да работиме заеднички за да обезбедиме трајни, ефективни и хумани решенија за најранливите категории“, истакна заменик министерот Исени.

 

На средбата од двете страни беше реафирмирана подготвеноста за продлабочување на соработката и понатамошна координација во заедничките иницијативи и активности.

 

Мени за пристапност