Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик министерот Исени на Регионална конференција за безбедносна координација во Западен Балкан

Заменик министерот Исени на Регионална конференција за безбедносна координација во Западен Балкан

Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени учествуваше на 10. јубилејна Регионална конференција за безбедносна координација во Западен Балкан, што се одржува денеска и утре (11/12.11.2025) во Скопје, во организација на Советот за регионална соработка (RCC), со поддршка од Министерството за надворешни работи и Министерството за внатрешни работи на Италијанска Република, и во партнерство со Владата на Република Северна Македонија.

Во своето обраќање, заменик министерот Исени ја истакна важноста на регионалната соработка во справувањето со заедничките безбедносни предизвици, како и посветеноста на Министерството за внатрешни работи кон унапредување на довербата во институциите, транспарентноста и ефикасноста во работењето. Тој нагласи дека стабилен и безбеден Западен Балкан е предуслов за европска интеграција и долгорочна стабилност на целиот континент.

Заменик министерот нагласи дека реформите мора да бидат видливи, мерливи и транспарентни со јасни политики, поефикасна истрага, силни механизми за внатрешен надзор, независен правосуден интегритет и реална полициска одговорност.
На конференцијата имаше високи претставници од владите на регионот, меѓународни партнери, експерти и претставници на граѓанското општество, со цел размена на искуства, добри практики и зајакнување на заедничките безбедносни политики.

Мени за пристапност