Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик министерот Исени на Министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан, потпишан заеднички план за борба против насилен екстремизан

Заменик министерот Исени на Министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан, потпишан заеднички план за борба против насилен екстремизан

Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени, предводи делегација на Министерството за внатрешни работи на Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан, што се одржува денеска и утре (30/31.10.2025) во Сараево, Босна и Херцеговина. Форумот е организиран во рамки на данското претседателство со Советот на Европската унија заедно со Министерството за безбедност и Министерството за правда на Босна и Херцеговина.

Форумот претставува значаен собир на министри за внатрешни работи и правда од земјите од Западен Балкан, како и од актуелното и идното претседателство со Европската Унија, комесарите на ЕУ за внатрешни работи и правда, како и претставници на релевантните агенции на Европската унија.
На првиот ден на форумот посветен на внатрешните работи, заменик министерот Исени ја истакна подготвеноста и посветеноста на Р.С. Македонија во борбата против организираниот криминал, тероризмот и нелегалната трговија со дрога, како и во зајакнувањето на управувањето со миграцијата, азилот и граничната контрола, во согласност со Акцискиот план на ЕУ за Западен Балкан.

Во заедничкото соопштение, учесниците се согласија да продолжат со заедничките напори за унапредување на соработката во онлајн-димензијата на безбедноста, вклучувајќи го спречувањето на радикализацијата, терористичкото финансирање и трговијата со дрога, како и борбата против организираниот криминал. Дополнително, беше нагласена важноста од понатамошно усогласување на визните политики и зајакнување на соработката во областа на миграцијата, азилот и граничното управување.

На маргините на форумот, заменик министерот Исени го потпиша новиот Заеднички акциски план за спречување и борба против насилен екстремизам, кој предвидува нови механизми за унапредување на соработката меѓу институциите и граѓанското општество во регионот.

Мени за пристапност