Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик министерот Исени ја отвори обуката за борба против подведување и трговија со луѓе

Заменик министерот Исени ја отвори обуката за борба против подведување и трговија со луѓе

Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска во Центарот за обука – Идризово ја отвори обуката за борба против подведување и трговија со луѓе, на која учествуваат 12 полициски службеници и јавни обвинители. Обуката ќе се реализира во периодот од 9 до 12 февруари.

Во своето обраќање, Исени истакна дека трговијата со луѓе и подведувањето претставуваат едни од најтешките облици на организиран криминал, кои сериозно ги нарушуваат човековите права и достоинството на жртвите, нагласувајќи дека е неопходен интегриран и координиран институционален пристап за нивна ефикасна превенција, откривање и санкционирање.

Тој потенцираше дека обуката има за цел да обезбеди практични знаења и алатки за препознавање на индикаторите за овие кривични дела, правилно постапување во случаи на сомнеж и навремена заштита и поддршка на жртвите, како и унапредување на соработката меѓу полицијата, судовите и обвинителствата.

На настанот присуствуваа и амбасадорот на Француската Република во Скопје, Н.Е. Кристоф Де Риголер, како и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Стрезоски. Исени упати благодарност до Француската амбасада за долгогодишната поддршка и соработка во јакнењето на капацитетите на полициските службеници.

 

 

Мени за пристапност