Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Зајакнати акциски контроли на возачи на електрични тротинети – констатирани 167 прекршоци

Зајакнати акциски контроли на возачи на електрични тротинети – констатирани 167 прекршоци
 
На 28.09.2026 година, во периодот од 17:00 до 22:00 часот, на подрачјето на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола насочена кон возачите на лесни електрични возила, односно електрични тротинети.
При спроведената контрола констатирани се вкупно 167 прекршоци. Најголем дел прекршоци, се однесуваат на неносење рефлектирачки елек при управување со електричен тротинет во ноќни услови и неносење заштитен шлем.
Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирани се 81 прекршоци, на подрачјето на СВР Охрид 26, а на подрачјето на СВР Битола 23 прекршоци, додека останатите прекршоци се констатирани на подрачјата на другите сектори за внатрешни работи.
Во рамки на контролата, одземени се два електрични тротинети.
За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи.
Во текот на контролата констатирани се и 206 прекршоци од друг вид.
Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Мени за пристапност